Македонија

Променливо облачно време со врнежи од дожд

13. август 2017 - 10:05 | Макфакс

Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер и значително посвежо. Претпладне ќе има слаб локален дожд. Во текот на денот, односно во попладневните часови врнежите ќе престанат.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северн правец и повремено ќе се засилува. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7

Утринската температура ќе се движи  од 14 до 21, а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје претпладне можен е краткотраен локален дожд, а во попладневните часови ќе има намалување на облачноста. Утринската температура ќе се спушти до 16, а највисоката дневна преку денот ќе достигне до 24 степени целзиусови.

Од понеделник времето ќе биде стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

Коментирај