Протести во Франција против воведување ковид сертификати

Стотици луѓе синоќа протестираа во Париз против воведувањето ковид сертификати за одредени активности и против задолжителните вакцини за здравствените работници.

Од средата, посетителите на музеи, кина и базени во Франција мора да покажат ковид сертификат со кој се докажува дека се вакцинирани против коронавирус или имаат негативен тест.

Некои од демонстрантите вееја знамиња на кои пишуваше „Слобода на избор“ и „Прстите подалеку од мојот природен имунитет“.

Ковид сертификатот, кој претходно беше потребен само за фестивали со голем број луѓе и клубови, од август ќе биде потребен за влез во ресторани и барови, патувања со возови и авиони.

Во музејот „Лувр“ во Париз, шефот за безбедност Сервана де Ландшир изјави дека првото утро со новите мерки поминало во најдобар ред, бидејќи повеќето посетители имале ковид сертификат, додека оние кои немале, направиле брз антигенски тест.

Министерот за здравство Оливие Веран рече дека гледачите или посетителите, откако ќе бидат проверени дека се целосно вакцинирани или имаат тест кој е негативен, тогаш ќе можат да ја тргнат маската.

Веран истакна дека „вирусот се шири со молскавична брзина“, поттикнат од брзото ширење на варијантата делта.

Француската Влада го претстави нацрт-законот, со кој вакцинацијата се прави задолжителна за негувателите и медицинскиот персонал и со кој се проширува употребата на здравствениот пасош.

– Влеговме во четвртиот бран, рече портпаролот на владата Габриел Атал.

За 24 часа се евидентирани 18.000 нови случаи, што претставува зголемување на циркулацијата на вирусот од околу 150 отсто во текот на една недела.

Премиерот Жан Кастекс на првиот француски телевизиски канал ТФ1 вчера изјави дека се неопходни поостри мерки поради ширењето на заразниот делта сој, кој доминира во Франција, и дека нови затворања не се исклучени.

За законот, кој го опфаќа ковид сертификатот и други мерки, Парламентот ќе гласа на оваа недела.

Со законот ќе се воведат некои најстроги епидемиолошки мерки во Европа, како што се задолжителна вакцинација за здравствените работници и десетдневна самоизолација за луѓето со позитивен тест.

Целта во моментов во Франција е до крајот на јули да има 40 милиони луѓе со примена прва доза од вакцината. Во моментов една доза примиле 38,1 милион жители. 

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе