На 17 септември во Градскиот парк во Скопје за прв пат ќе се одржи Скопје Пет Фест - најголемиот регионален настан за сите љубители на животните.
Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина – едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни и интерактивни предавања за одговорно сопствеништво, сведоштва за вдомени миленици, документарен филм за дивиот животински свет, кино проекција, музика и многу забава за сите посетители.
Целта на фестивалот е да се подигне јавната свест за чување на миленик, како и од најмали нозе децата да имаат повеќе љубов и емпатија кон животните.
Почетокот на Скопје Пет Фест е од 11:00 часот, а ќе трае до вечерните часови. Локацијата е во стариот дел на Градскиот парк на летната сцена Лепеза, а влезот е бесплатен за сите посетители.