Прв случај на позитивен на коронавирус во Пробиштип

Во Пробиштип е регистриран прв случај на лице носител на COVID-19, информираше денеска градоначалникот Драган Анастасов. Тој апелира граѓаните да не креваат паника и да се почитуваат мерките за заштита.

– Минатиот месец информиравме за лице кое беше дојдено од Скопје, на кое откако му беше потврдено дека е позитивно на вирусот, лицата со кои имаше воспоставено контакти беа во самоизолација изминатиот период. За жал, едно од тие лица е позитивно на коронавирусот. Истото лице ќе остане на домашно лекување бидејќи се чувствува добро, вели Анастасов.

Тој додаде дека општината ќе продолжи со спроведување на сите заклучоци и мерки и оти на денешната седница на Советот е донесена одлука за измена и дополнување на Програмата за заштита и спасување со зголемување на средствата, така што општината е подготвена да ги преземе сите потребни мерки за заштита на населението.

– Воедно упатувам апел до сите наши сограѓани, согласно сериозноста на состојбата, да се воздржат од патувања во други градови, а на оние наши граѓани кои живеат и работат во други општини, да останат таму за претстојниот период што ни следи, бидејќи водиме битка со многу лош и непредвидлив вирус, кој секојдневно кажува дека нема правила, вели Анатасов.

Во изминатиот период во општина Пробиштип контиунирано се врши дезинфекција, затворен е Градскиот пазар, игралиштата, а на вработените во сите институции им се дадени заштитни маски.

Обезбедени се и прехранбени пакети на семејствата од социјален ризик. 

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе