HBO го објави официјалниот тизер за лимитираната серија The Regime со оскаровката Кејт Винслет во главната улога.
Покрај Винслет, во серијата глумат Матијас Шоенертс, Гијом Галиен, Андреа Рајзборо, Марта Плимптон и Хју Грант.
Вил Трејси е сценарист, извршен продуцент и шоуранер на серијата со работно име The Palace.
Тизер трејлерот е исполнет со мистерија и политички интриги, а официјалниот текст не дава премногу индиции, освен дека серијата „ја раскажува приказната за една година во ѕидовите на палатата на модерниот европски режим додека почнува да пука по шавови“.