Прв трејлер за „Fahrenheit 451“
Конечно добиваме филмска адаптација за култната книжевна класика од Реј Бредбури, „Fahrenheit 451“, која делува ветувачки. HBO го промовираше првиот трејлер за филмот во кој во главните улоги ќе се појават Мајкл Б. Џордан („Black Panther“) и Мајкл Шенон („Man of Steel).
Дејството на филмот е сместено во дистопија во иднината, каде што книгите се забранети и постојат специјални оперативци пратени од државата да ги наоѓаат книгите и да ги палат.
Овој филм е уште еден обид на HBO да се покаже како сериозно филмско студио, бидејќи сака освен сериите, да стане препознатливо и како едно од најдобрите светски студија за филм.