Новата комедија со Ребел Вилсон, насловена „Senior Year“, ја следи приказната за девојка која се буди од кома после 20 години и сфаќа дека многу работи се смениле откако била популарна матурантка.
Во обид да си ги врати изгубените години и да заврши средно училиште со истата доза на популарност што ја имала пред да падне во кома, ликот на Вилсон приоредува одлична комедија со референци на поп-културата од изминатите 20 години.
Филмот е во режија на Алекс Хардкасл (Grace and Frankie, Love, Victor, The Mindy Project), а сценариото е на Ендру Кнауер, Брендон Скот Џонс и Артур Пијели.
Покрај Вилсон, во филмот на Netflix играат и Сем Ричардсон, Зои Чао, Мери Холанд, Џастин Хартли, Крис Парнел, Енгури Рајс, Мајкл Кимино, Џереми Реј Тејлор, Авантика и Алисија Силверстоун.
„Senior Year“ ќе има премиера на 13 мај на Netflix.