Прва изјава на жената што ја ослободи Хамас: Поминав низ пеколот, ме однесоа во подземни тунели

Макфакс
/ 24.10.2023 / 13:29

Јохавед Лифшиц (85), која беше една од двете заложнички ослободени од заробеништво на Хамас минатата ноќ, вели дека поминала низ пеколот опишувајќи како била киднапирана од вооружени лица на Хамас на мотори.

Ослободената жена зборуваше на прес-конференција во болницата во Тел Авив, придружувана од ќерка си Шерон, која ѝ помагаше на мајка си да го раскаже своето тешко искушение.

Лифшиц вели дека преку капијата била донесена во Газа и дека добила модринки од возењето. Таа исто така вели дека имала проблеми со дишењето.

Додава дека израелската влада потрошила милијарди на граничната ограда, но не направила ништо за да го спречи Хамас да премине.

„Мајка ми ја одведоа со мотори и ја тепаа со палки“, раскажува ќерка ѝ опишувајќи ја огромната мрежа од подземни тунели со кои управува Хамас, а која ја споредува со пајакова мрежа.

Ќерката додала дека часовникот и накитот на мајка ѝ ѝ биле извадени додека ја возеле.

Кога се симнала од моторот, луѓето што ја поздравиле ѝ рекле дека „веруваат во Куранот“ и затоа нема да ја повредат – рекла ќерката.

Мајка ѝ и уште 24 луѓе биле однесени во тунелите, кои таа ги опишува како „мека, влажна земја“.

Раскажува дека по два-три часа, одвоиле пет лица од кибуцот Нир Оз во посебна просторија и дека таму имало чувари, болничар и лекар.

Самата Лифшиц дополнително ги опишува чистите услови и чуварите, кои се грижеле за „секој детаљ“. Тие биле хранети со бело сирење и краставици, со истата храна што ја имале и киднаперите.

URL
Тагови
реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе