Првата пациентка што прими вакцина против рак успешно се опорави

По неколку децении мал напредок во лекувањето на ракот, научниците велат дека истражувањата достигнале пресвртница, при што многумина предвидуваат дека следниот чекор напред во третманот на ракот ќе биде вакцина во рок од 5 години.

Имено, не станува збор за воспоставени, односно традиционални вакцини што спречуваат болести, туку за вакцини за намалување на туморите и спречување на враќањето на ракот. Целите на овие експериментални третмани вклучуваат рак на дојка и белите дробови, а позитивни резултати се забележани годинава во третманот на смртоносниот рак на кожата меланом и рак на панкреасот.

Вакцините против рак, како и другите имунотерапии, го зајакнуваат имунолошкиот систем за да ги пронајде и убива клетките на ракот. А некои нови користат mRNA, која беше развиена за рак, но за прв пат беше користена за вакцини против COVID-19.

„За да функционира вакцината, треба да ги научи Т-клетките на имунолошкиот систем да го препознаат ракот како опасен“, вели д-р Нора Дисис од Институтот за вакцина против рак при UW Medicine во Сиетл. „Откако ќе се обучат, Т-клетките можат да патуваат насекаде во телото за да забележат опасност“.

Напредокот во третманот со вакцини е предизвик уште од нивното основање. Првиот лек, Provenge, беше одобрен во САД во 2010 година за третман на рак на простата кој се прошири на други органи. Во таква фаза на болеста неопходно е да се обработат сопствените имунолошки клетки на пациентот во лабораторија и потоа да се вратат. Исто така, постојат вакцини за лекување на ран рак на мочниот меур и напреднат меланом.

Некои од првите истражувања за рак престанаа бидејќи ракот како болест го победи имунолошкиот систем на пациентите и не дозволуваше, како таков, било каков вид на лек.

Меѓутоа, истражувањето и работата на вакцините сега се фокусирани на пациентите во раните фази на болеста, бидејќи досега се покажа дека вакцините не можат да делуваат кај пациенти кои се во напредна фаза.

Една од првите што примија вакцина против рак на јајници во сигурносна студија пред 11 години беше Џејми Крејс Мрсер. Со дијагноза на напреднат рак на јајниците кога имала 34 години, Крејс мислела дека ќе умре млада и направила тестамент во кој на најдобрата другарка ѝ го оставила омилениот ѓердан. Сега има 50 години и засега нема знаци дека ракот ѝ се враќа.

Не знае со сигурност дали вакцината ѝ помогнала, но со гордост вели „јас сѐ уште сум тука“, пишува AFP.

Тагови
реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Здравје

Нов тип дијабетес: Од него боледуваат најмалку 20 милиони луѓе

Read more

Едноставен едноминутен тест може да предвиди влошување на здравјето на мозокот

Read more

Како чаша топла вода на празен стомак влијае на телото?

Read more

Откриен е нов несакан ефект од антибеби пилулите

Read more
 

Магазин

Бесплатни апликациии за следење на партнерот

Читај повеќе

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Читај повеќе
  • play_arrow

За што може да ви забранат да се качите во авион?

Читај повеќе

Како може да ја намалите анксиозноста кај вашето куче?

Читај повеќе

Нов тип дијабетес: Од него боледуваат најмалку 20 милиони луѓе

Читај повеќе

Виенски шницли со сос од печурки

Читај повеќе
  • play_arrow

Најчести грешки при пролетното чистење на домот

Читај повеќе

Кои се најчестите измами што ги прават туристичките агенции?

Читај повеќе
  • filter

Енди Мекдауел одржа лекција по стил на Кански филмски фестивал

Читај повеќе