Првпат по два месеца нема починати пациенти од COVID-19, бројот на новозаразени и натаму трицифрен

По подолг период во земјава не е регистриран случај на починат пациент заболен од COVID-19. Министерството за здравство вчера објави информација за нови 163 случаи и 69 оздравени пациенти со што вкупната бројка на ковид дијагностицирани се искачи на 9.412, а на оздравени на 4.940 лица. Бројката на починати засега останува на 432.

Статистиката на Институтот за јавно здравје покажа дека во периодот од 13 до 19 јули се бележи намалување на бројот на новозаболени и оздравени лица, а се зголемува бројот на починати лица во однос на претходната недела.

Новозаболени се регистрирани во 26 града, а најмногу има во Скопје (39,9 отсто) и во Штип (14,4 отсто). Во 17 града, пак, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Она што е интересно е дека има промена во старосната структура на новозаболени, односно најголем процент заболени се на возраст од 40 до 49 години, а потоа следуваат лицата постари над 50 и 60 години.

Институтот за јавно здравје бележи и намалување за два отсто на бројот на хоспитализирани пациенти во однос на претходната недела, додека кај 275 лица или кај 29,5 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за два отсто повеќе од претходната недела.

Во периодот од 13 до 19 јули регистрирани се 545 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 472 лица помалку од периодот од 6 до 12 јули. Пред ова намалување, три недели бројот на оздравени лица бележел раст за околу 40 отсто на неделно ниво.

Од друга страна, високи се и бројките на непочитување на препораките за носење на лична заштитна опрема на лицето. Полицијата вчера информираше за нови 385 прекршувања за неносење на заштитна маска, а вчера е поднесена и кривична пријава против локалот во Струмица кој организираше забава и настап на естраден уметник и музичка група непочитувајќи ги здравствените протоколи и протоколите за работа.

– Од преземените мерки и обезбедените докази било утврдено дека правното и одговорно лице дозволиле во времето од 21:00 до 01:00 во објектот да се одржи настап на естрадниот уметник и музичката група, воедно дозволиле и присуство на неограничен број гости кои биле послужувани на шанк и стоечки маси, со што постапиле спротивно на Протоколот за отварање и работа на кафетериите, а кој протокол произлегува од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, информираше СВР Струмица.

Апликацијата „СтопКорона“ ја презеле околу 63 илјади граѓани

Една од мерките насочени кон спречување на ширењето на вирусот е и апликацијата „СтопКорона“ која досега ја инсталирале 62.979 граѓани. Апликацијата е наменета за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица.

Од Министерството за здравство вчера информираа дека преку апликацијата не се откриени нови позитивни случаи на коронавирусот.

– Епидемиолозите секојдневно детално ги следат сите достапни методи за откривање на контакти на позитивни случаи на корона вирусот, а со цел нивно рано откривање и тестирање, информираа вчера од Министерството за здравство.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Македонија

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Read more

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Read more

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

Мицкоски до Ахмети: Во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

Read more
 

Вести

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Читај повеќе

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Читај повеќе

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Читај повеќе

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Читај повеќе

Голема промена во Германија - што е ново во здравственото осигурување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Повторно еруптира вулканот Руанг, прогласено највисоко ниво на тревога

Читај повеќе

Хутите погодија четири бродови во Индискиот Океан и Црвеното Море

Читај повеќе
  • filter

Зошто прашина од Сахара ја завеа Европа?

Читај повеќе