На Neflix пристигна психолошки трилер за кој многумина предвидуваа дека ќе биде успешен.
Станува збор за филмот Leave The World Behind, кој е базиран на истоимениот роман од 2020 година на Румаан Алам.
Филмот го следи четиричленото семејство составено од мајката Аманда (Џулија Робертс), таткото Клеј (Итан Хок) и нивните две деца, Рози (Фара Мекензи) и Арчи (Чарли Еванс). Семејството изнајмило луксузен стан на Лонг Ајленд, каде што одат на одмор. Нивниот идиличен одмор го прекинува доаѓањето на сопственикот на станот Џорџ (Махершала Али) и неговата ќерка Рут (Михала), кои ги известуваат дека во цел Њујорк нема струја и не знаат што се случува. Ситуацијата наскоро почнува да се влошува, а двете семејства се принудени да работат заедно за да се подготват за претстојната катастрофа.
Веднаш штом беше објавен трејлерот, на социјалните мрежи се проширија коментари во кои љубителите на филмот признаваат дека „едвај чекаат да излезе филмот“.
„Ова изгледа ветувачко“, „Конечно нешто напнато и возбудливо“, „Едвај чекам да го гледам филмот“, напишаа тие.
Џулија Робертс изјави за Yahoo Entertainment дека уживала во улогата на Аманда.
„Беше фасцинантно да се види како ќе се одвива заплетот. Сакам кога имам можност да разјаснам која е личноста што ја глумам во филмот“, рече таа.
Сценарист и режисер на филмот е Сем Есмаил, а белешки за сценариото му испратил поранешниот американски претседател и еден од косопствениците на Higher End Productions, Барак Обама.