Со години Пари Сен-Жермен вложуваше енормно високи суми во засилувања, но на меѓународната сцена никогаш не успеа да направи нешто големо и поради тоа челниците на клубот одлучија да направат пресврт во клупската политика.
Во разговор со италијанските медиуми, по повод синоќешното гостување на ПСЖ кај Милан во Лигата на шампионите, претседателот Насер Ал Хејалфи рече дека носењето прескапи фудбалери кои треба да донесат инстант успех повеќе нмема да биде она кон што клубот ќе тежнее.
„Не би го нарекол тоа револуција во работењето на клубот, туку попрво би го употребил терминот еволуција. Сакаме да се фокусираме на создавање јак и силен тим кој ќе дава резултати на долг временски рок. Нема повеќе цел да ни биде да носиме само звучни имиња. Всушност, имаме наш тренинг центар, кој е најдобар во всетот и тоа би можело да биде нашата отскочка даска за иднината“, рече Ал Хелајфи.
Говореше и за веројатноста Килјан Мбапе да го напушти ПСЖ и да се пресели во Реал Мадрид.
„Не се замараме со другите клубови туку само со нашиот, а во нашиот важна улога има Килјан Мбапе. Тој е веројатно најдобриот фудбалер во светот и да се гледа како ги покажува своите вештини во дресот на ПСЖ е навистина за уживање“, нагласи Катарецот.
Францускиот великан во 4. коло од Лигата на шампионите загуби синоќа од Милан на „Меаца“ со 2:1, но првиот човек на „Светците“ не присуствуваше на натпреварот пради операција на коленото.
ПСЖ по 4. кола е на 2. место во групата Ф со 6 освоењни бодови. Борусија е лидер со 7, Милан има 5, а Њукасл 4.