Пукање во Далас: Најмалку 9 лица убиени пред трговски центар

Макфакс
/ 07.05.2023 / 10:10

Вооружен напаѓач вчера пукаше и уби девет лица и рани најмалку седум во прометниот трговски центар северно од Далас, во Тексас, соопшти полицијата, а напаѓачот беше убиен, јави CNN.

Шефот на противпожарната служба на Ален, Џон Бојд, на истата прес-конференција рече дека неговиот оддел однел најмалку девет жртви со прострелни рани во локалните болници, од кои две починале.

Медикал Сити Хелткер, кој раководи со 16 болници во областа, рече дека неговите траума центри ги лекуваат осумте ранети жртви, кои се на возраст од 5 до 61 година. Од болницата не соопштија каква е нивната состојба.

Неидентификуван очевидец изјавил за локална ТВ дека напаѓачот „одеше по тротоарот и само пукаше во сите правци“.

На тротоарите надвор од трговскиот центар можеше да се види крв и бели чаршафи кои изгледаа како тела. На некои видеа на социјалните мрежи се гледа како напаѓачот лежи на патот откако бил убиен од полицијата.

Тексас е американската сојузна држава во која има најмногу оружје во посед на цивили и каде најлесно може легално да се купи оружје.

URL
Тагови
реклама

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе