Пуштени првите „бомби“ како докази во судница за „Труст“

Судечкиот совет ги одби приговорите на адвокатите на обвинетите во случајот „Труст“ бомбите да не бидат изведени како доказ на главната расправа, по што на два звучника во судницата беа пуштени три снимени телефонски разговори од кои два се меѓу Кирил Божиновски, поранешен секретар на Владата, и Влатко Чинговски, поранешен директор на ЕЛЕМ, а еден меѓу Никола Груевски и Влатко Чинговски.

Во разговорите помеѓу Божиновски и Чинговски се слуша како тие се договараат за условите за добивање на тендерот од конзорциумот за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола. Чинговски во првиот разговор на Божиновски му вели: „Условите да бидат како што нив им одговараат“.

Во разговорите Божиновски и Чинговски разговараат со шифри употребувајќи прекари „братот од југот“, „битолчанецот“, „кратовецот“… Божиновски му вели на Чинговски дека има стратешки план како да ги задоволат за добивање на тендерот. Чинговски посочува дека се видел со лица од конзорциумот и се договориле за условите.

Во разговорот со Чинговски, Груевски вели се видел со кратовчанецот и дека му дал некои идеи. Потоа Груевски вели дека се видел и со оној што има автомобил „сеат ибица“.

Судијката закажа осум рочишта за „Труст“ за јануари и февруари и покрај тоа што одбраната се противеше. Судењето е во фаза на доказна постапка и на следните рочишта ќе бидат презентирани доказите на одбраната.

Според обвинението на СЈО, конзорциум составен од три фирми, со фалсификувана документација добивал тендери во ЕЛЕМ и со тоа се здобил со противправна корист во износ од над една милијарда денари или околу 17 милиони евра. Набавката по тендерот се случила во текот на 2011 година. Конзорциумот бил составен од Трансмет ДЕО од Скопје, Силекс Неметали од Кратово и Вато ДЕО од Студеничани. Освен Сеад Кочан, во предметот се обвинети и Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе