Путин го сели семејството во нуклеарен бункер во Сибир, тврди руски политиколог

Рускиот претседател Владимир Путин во последните неколку дена ги преместуваше членовите на семејството во подземен град во Сибир, тврди рускиот политиколог Валериј Соловеј, поранешен професор на Московскиот државен институт за меѓународни односи.

Станува збор за луксузен бункер опремен со најнапредна технологија, изграден во случај на нуклеарна војна.

Соловеј претходно тврдеше дека Путин страда од здравствени проблеми кои ги крие од руската јавност и дека заедно со неговиот министер за одбрана учествувал во чудни шамански ритуали.

Некои експерти од Русија велат дека Солвоеј е теоретичар на завери и измамник, а минатиот викенд бил седум часа испрашуван од руските власти поради обвинувањата изнесени за здравствената и психичката состојба на Путин, пишува Daily Mail.

„Во текот на викендот семејството на Путин е евакуирано во посебен бункер подготвен во случај на нуклеарна војна. Бункерот се наоѓа во Република Алтај всушност, тоа не е бункер туку цел подземен град опремен со најнова технологија“, вели Соловеј. „Се надевам дека ова нешто ви кажува – тоа што претседателот си го испраќа семејството во бункер“, додава тој.

Експертите сметаат дека Соловеј, кој тврди дека има информации внатре од Кремљ, мисли на простран планински предел во Република Алтај, регион во Сибир кој се граничи со Монголија, Кина и Казахстан.

Набљудувачите на тоа подрачје имаат забележано повеќекратни вентилациски точки на земјата опкружени со планинска скривница и високонапонска линија поврзана со ултрамодерна трафостаница која може да снабди со енергија еден мал град.

Соловеј не кажа за кои членови од семејството на Путин станува збор, но претходно наведе дека 38-годишната гимнастичарка Алина Кабаева е тајна сопруга на претседателот.

Путин има две ќерки на возраст од 36 и 36 години, а некои извештаи наведуваат дека има и 18-годишна ќерка од претходната врска. Според шпекулациите, Путин има деца и со Кабаева, но Кремљ тоа го демантира.

Што се однесува до здравствената состојба на рускиот претседател, руските власти демантираат дека има некаква болест.

Remote video URL
реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Живот

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Read more

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Read more

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Read more

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more
 

Магазин

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе