Чеченскиот лидер и еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, Рамзан Кадиров, доби унапредување.
„Со вас сакам да споделам уште една добра вест. Рускиот претседател ми додели чин генерал-полковник. Указот е издаден под реден број 709. Владимир Владимирович лично ме извести за тоа и ми честиташе“, сподели Кадиров на Телеграм.
Порача дека неизмерно е благодарен на рускиот лидер за овој потег.
„Ова ми е голема чест. Ви давам збор дека однапред ќе ја оправдам укажаната доверба“.
Кадиров додаде дека нивните војници спроведуваат успешни акции на подрачјето на Доњецк и Херсон.
„Ги ослободуваат населбите една по една, како и стратешки важните точки“, порача тој.