Путин и Си: Состанокот ги продлабочува пријателските односи меѓу Кина и Русија и испраќа порака до Западот

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпин, денеска заклучија дека нивната средба во Москва е можност двете земји да го продлабочат „пријателството без граници“ и да испратат силна порака до западните лидери дека нивните напори да ја изолираат Москва поради војната во Украина не успеаја.

На почетокот на средбата, Путин му честита на Си за неговиот реизбор за претседател и рекол дека е „малку љубоморен“ на фактот што во последните неколку години Кина направила „колосален чекор напред во својот развој што предизвикува вистински интерес ширум светот“, пренесува Бета.

Рускиот лидер истакна дека во изминатите 10 години трговскиот промет на двете земји е повеќе од двојно зголемен. Тој исто така рече дека Москва е запознаена и ја почитува кинеската иницијатива за мирно решавање на конфликтот во Украина и дека за тоа ќе разговара со Си.

Си на средбата рече дека „кинеската страна високо ги цени односите со Русија, кои имаат историска логика“. Тој му се заблагодари на Путин што „позитивно го оцени развојот и изградбата на Кина“ и што продолжи да го поддржува Пекинг.

– Во светот кој станува сè повеќе мултиполарен, САД и нивните сојузници не беа во можност да изградат широк фронт против Путин. Додека 141 земја ја осудија Москва на гласањето во Обединетите нации на првата годишнина од влегувањето на руските трупи во Украина, неколку членки на Г20, меѓу кои Индија, Кина и Јужна Африка останаа воздржани, рече Си.

Коментирајќи ги претстојните претседателски избори во Русија во 2024 година, кинескиот лидер рече дека е уверен оти рускиот народ ќе продолжи да го поддржува Путин „под чие цврсто водство Русија се развиваше и напредуваше“.

Во интервју за кинеските медиуми пред средбата, Путин ја опиша посетата на Си како „значаен настан“ кој ја потврдува посебната природа на руско-кинеското партнерство и испраќа порака до Вашингтон дека двете земји не ги прифаќаат неговите обиди да ги ослабне.

– Политиката на САД за истовремено одвраќање на Русија и Кина, како и на сите оние кои не ги почитуваат американските диктати, станува се пожестока и поагресивна, рече рускиот лидер.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оцени дека денешната посета на кинескиот претседател Си Џинпин на Москва, откако Меѓународниот суд на правдата издаде налог за апсење на Путин, сугерира дека Пекинг не мисли дека Кремљ треба да одговара за злосторствата во Украина.

– Светот не треба да биде измамен со каков било тактички потег на Русија, поддржан од Кина или која било друга земја, за да ја замрзне војната по свои услови, рече Блинкен, пренесува BBC.

За утре е закажана средба на кинескиот лидер со рускиот премиер Михаил Мишустин, а предвидени се и официјални разговори во проширен формат со Путин и членовите на руската влада.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе