Свет

Путин ја именува новата Влада на Русија

18. мај 2018 - 15:56 | МИА

Москва, 18 мај 2018 (МИА) - Рускиот претседтел Владимир Путин денеска потпиша Декрет со кој ја именува новата Влада на премиерот Дмитриј Медведев.

Со псоебни декрети Путин го одобри и именувањето на 10-мината заменици-премиери и 20-те министри во владиниот Кабинет.

Претходно денеска, Медведев на Путин му ја достави листата на кандидати за министери во неговата Влада

Во новата Влада на своите досегашни функции остануваат министрите за надворешни работи Сергеј Лавров, за одбрана Сергеј Шојгу и за внатрешни работи Владимир Колокољцев.

Своите министерски финкции во ноиот Кабинет ги задржуваат и првите луѓе на ресорите правда - Александар Коновалов, енергетика - Александар Новак, економија - Максим Орешкин и спорт  - Павел Колобков.

Нов министер за развој на Далечниот Исток е Алекандер Козлов, актуелен гувернер на провинцијата Амур, за вонредна состојба Евгениј Зиничев, а за земјоделство Дмитриј Патрушев.

Коментирај