Путин нареди учениците и студентите да учат за „специјалната воена операција“

Рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Министерството за образование да ја интензивира работата со младите од регионите Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон и да им ги објасни на учениците и студентите причините и целите на „специјалната воена операција“.

„Одделенијата мора да вршат информативна работа меѓу учениците и училиштата, за да ги објаснат вистинските ‘причини и цели на специјалната воена операција’“, се вели во меморандумот на Путин, како што пренесува рускиот весник „Ведомости“.

Инструкциите беа дадени по состанокот на Советот за односи меѓу заедниците, кој се одржа на 19 мај, а документот беше објавен на веб-страницата на Кремљ. Беше истакнато дека до први октомври мора да се пополнат информациите за студентите и учениците.

По средбата Путин им наложил и на гувернерите да преземат дополнителни мерки за овековечување на споменот на учесниците во воената операција. За овие мерки рокот е 1 септември.

Раководителите на регионите треба да им пружат помош и на регионалните ограноци на јавно-државната организација „Собрание на народот на Русија“. Гувернерите се должни до почетокот на септември да пријават за работата на помошта, а потоа тоа го прават еднаш годишно.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе