Путин нема да ја одржи традиционалната прес-конференција на крајот на годината

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја одржи својата традиционална прес-конференција на крајот на годината, соопшти денеска Кремљ.

„Нема да има претседателска прес-конференција до почетокот на новата година“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на телефонски брифинг, истакнувајќи дека Путин разговарал со новинарите и во други прилики, особено за време на неговите патувања во странство.

Од 2001 година, Владимир Путин редовно организира големо соочување со новинарите, со исклучок на периодот од 2008 до 2012 година, кога ја извршуваше функцијата премиер.

На оваа годишна прес-конференција, која обично трае неколку часа, се собираат стотици руски и странски новинари, а Путин во живо одговара на прашања на различни теми, од дипломатија до секојдневни руски теми.

Одлуката да не се одржи традиционалната прес-конференција на крајот на годината дојде откако Русија, која започна воена офанзива против Украина во февруари, претрпе серија западни санкции од почетокот на офанзивата и сега се соочува со ембарго на нејзините испораки на нафта во ЕУ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе