Путин по средбата со Бајден: Разговорите беа конструктивни

Кајгана/МИА
/ 16.06.2021 / 18:29

Рускиот претседател Владимир Путин денешните разговори со американскиот колега Џо Бајден ги оквалификува како „конструктивни“.

Тој рече дека разговорите не биле непријателски, туку всушност биле прилично конструктивни, при што обете страни покажале подготвеност меѓусебно да се разберат.

Тој го опиша Бајден како искусен државник.

„Два часа разговаравме, тоа е нешто што не може да го направите со повеќето политичари. Тој значително се разликува од поранешниот претседател Доналд Трамп“, оцени Путин.

Путин изјави дека со американскиот претседател се договорилеза враќање на амбасадорите. За потсетување, рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов и американскиот амбасадор во Русија Џон Саливан се повлечени во матичните земји во последните месеци поради зголемените тензии меѓу САД и Русија.

Во разговорите е разгледувана и стратегија за нуклеарната стабилност, регионалните конфликти како и трговските прашања.

Русија и САД, според Путин, се договориле за почеток на консултации за сајбер-безбедноста.

Рускиот претседател рече дека на средбата едвај станало збор за опозиционерот Алексеј Навални, кој е во затвор, при што воопшто не му изговори името, туку на него посочи како на „тој човек“.

реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе