Путин: Пожарот во Кемерово е резултат на немарност и негрижа

Пожарот кој усмрти 64 лица во шопинг центар кој се наоѓа во Кемерово во Русија е резултат на „негрижа и немарност“, изјави рускиот претседател Владимир Путин, за време на својата посета на овој град.

Меѓу 64 починати има многу деца, а од полицијата тврдат дека алармот бил исклучен, а излезите биле блокирани кога избил пожарот во шопинг центарот во неделата.

Причината за пожарот се уште не е официјално соопштена, но рускиот Комитет за истраги пренесува дека се работи за „сериозни прекршоци“, пренесува „BBC“.

„Ова не беше борба или неочекувана експлозија на метан во рудник. Луѓе и деца дојдоа да се опуштат. Овде зборуваме за губење на многу животи, а зошто? Поради немарност и негрижа“, изјави Путин.

Пожарот се случи на горниот кат во трговскиот центар, во време кога продавниците и киното беа полни со луѓе. Некои од нив скокаа низ прозорци,  за да се обидат да се спасат.

Комитетот за истраги соопшти дека техничарот го исклучил алармот откако бил известен за пожарот, односно дека била отворена истрага.

Досега се уапсени пет лица, вклучувајќи го и човекот кој го исклучил алармот.

Поради затворените излези комплексот се претворил во смртоносна замка, а немало ниту организирана евакуација.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе