Путин: Русија ќе ја прекине испораката на нафта и гас ако се ограничи цената на енергенсите

Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе го прекине снабдувањето со енергенси доколку се воведат ограничувања на цените на рускиот гас и нафта, предупредувајќи го Западот дека ќе остане „замрзнат како опашката на волкот во познатата руска бајка“.

Говорејќи на економски форум во источниот град Владивосток, Путин рече дека европските повици за ограничување на цените на рускиот гас се „глупави“ и ќе доведат до повисоки цени на енергенсите во светот и економски проблеми во Европа.

– Нема да испорачаме ништо ако тоа се коси со нашите интереси, во овој случај економски. Ниту гас, ниту нафта, ниту јаглен. Ништо, додаде тој.

Г7 го објави планот минатата недела, а потегот исто така може да ја ограничи способноста на Русија да обезбеди танкери во земји надвор од Унијата.

– Русија ќе се повлече од договорот за снабдување доколку Западот спроведе план за ограничување на цените“, рече Путин. – Дали ќе има политички одлуки спротивни на договорите? Да, нема да ги исполниме. Нема да извезуваме ништо ако тоа е спротивно на нашите интереси, најави тој.

Русија е втор најголем извозник на нафта по Саудиска Арабија и е најголем извозник на гас и жито. Вообичаено, Европа увезува 40 отсто гас и 30 отсто нафта од Русија. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе