Работа во странство: Каде може да заминете со македонски пасош?

Организацијата за економска соработка соопшти дека Австралија, Швајцарија, Шведска, Нов Зеланд и Канада се добри земји за висококвалификувани работници, каде се нудат добри услови за работа и добра работна средина.

Во анализата биле опфатени 36 земји, а еден од заклучоците е дека Израел, Јапонија и Турција може да привлечат повеќе висококвалификувани работници ако ги подобрат условите.

Сепак, за државјаните на Република Северна Македонија, како земја која не е членка на ЕУ, заминувањето на работа во странство е малку потешко, особено имајќи предвид дека Европа и целиот свет се соочуваат со пандемија на COVID-19.

Ако сте размислувале за заминување во странство на легален начин, со македонски пасош и претходно најдено сигурно вработување, можеби сте налетале на сајтот ec.europa.eu/eures. Таму можете да најдете вработување во разни земји преку некој од објавените огласи, согласно вашето образование и квалификации.

На пример, за заминување во Шведска потребен ви е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот, со оглед на тоа дека за оваа земја нема иселеничка виза. 

Најбарани профили на работници во Шведска се стоматолози, книговодители, готвачи, пекари, молери, градежни техничари и инженери, електроинженери, како и ИТ стручњаци.

Ако сте заинтересирани за работа во Германија, посетете го сајтот www.jobboerse.arbeitsagentur.de, каде најголема е веројатноста да најдете огласи за следните работни места: ИТ сектор, машински инженери, електроничар, електричар, електроинсталатер, водоинсталатер, лекар, медицински сестри и негуватели на стари луѓе и болни деца.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе