Рачниот часовник на Хитлер продаден на аукција во САД за 1,1 милион долари

Часовник за кој се верува дека му припаѓал на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер е продаден на аукција во САД за 1,1 милион долари. Производител на часовникот е Huber, а има кукаст крст и иницијали на Хитлер.

Еврејските лидери ја осудија аукцијата, која беше организирана од страна на аукциската куќа Alexander Historical Auction во Мериленд, но тие ги отфрлија обвинувањата, велејќи дека целта е да се зачува историјата.

Адолф Хитлер беше лидер на Германија од 1933 до 1945 година и организираше и режираше убиство на 11 милиони луѓе, од кои 6 милиони Евреи.

Во каталогот се наведува дека часовникот најверојатно му бил даден на Хитлер како роденденски подарок во 1933 година, а бил конфискуван како сувенир од француските војници кои ја окупирале неговата планинска куќа во Бергхоф на 30 мај 1945 година.

На аукцијата беа продадени и фустанот што ѝ припаѓал на љубовницата на Хитлер, Ева Браун, фотографии од нацистичките водачи со потписи и ѕвездата што Евреите мораа да ја носат на својата облека за време на Холокаустот.

Во документите кои ги подготвила аукциската куќа се наведува дека е невозможно да се докаже дали Хитлер го носел овој часовник, но дека експертите заклучиле дека постои апсолутна можност тој да му припаѓа на Хитлер. Но, аукциската куќа не ја постигна планираната цена од 2 до четири милиони долари за која процени дека часовникот може да се продаде.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе