Радев го критикува бришењето на бугарскиот клуб во Битола

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека одлуката на властите во Северна Македонија да го избришат од регистарот бугарскиот клуб во Битола е израз на немоќ и паника.

– Оваа вест одекнува лошо во ЕУ. Властите во Република Северна Македонија мора конечно да признаат дека има македонски Бугари и бугарско присуство во РСМ, не од денес и вчера, туку со векови - 1300 години. Бришењето на имињата на бугарските клубови нема да ја избрише цврстата определба на Бугарија, европските институции и нашите европски партнери, РСМ да ги впише Бугарите во Уставот. Ова е почетна точка за интеграција на нашиот сосед во ЕУ, изјави Радев пред почетокот на состанокот на Европскиот совет во Брисел.

Централниот регистар на Република Северна Македонија вчера го избриша од регистарот бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола, по одлуката на Министерството за правда донесена врз основа на добиеното мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности.

Комисијата за употреба на имиња на личности се изјасни дека именувањето на здружението „Иван Михајлов“ е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.

Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови беа обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето за пререгистрација истече на 16 февруари.

реклама

Регион

Бујар Османи објави план во 9 чекори за деескалација и нормализација на состојбите во Косово

Read more

Сигна инспекцискиот наод: Момчето-убиец не било малтретирано од соучениците

Read more

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Read more

Вучиќ: Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане

Read more
 

Вести

Бујар Османи објави план во 9 чекори за деескалација и нормализација на состојбите во Косово

Читај повеќе

Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично

Читај повеќе
  • filter

Големи немири во Источна Германија: Се судрија левичарите и полицијата

Читај повеќе

Сигна инспекцискиот наод: Момчето-убиец не било малтретирано од соучениците

Читај повеќе

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Читај повеќе

ДУИ: И по 5 години Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски

Читај повеќе

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Читај повеќе

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Читај повеќе