Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (родено 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена јакна и мафтал со нож. Неговото апсење очигледно спречи друга трагедија.
По неколку повици до полицијата од страна на минувачите, полицијата пристигнала на местото на настанот и го уапсила лицето, на аголот од улицата „Рмпарт д’Анеј“ и улицата „Виктор Иго“ според локалниот лионски весник Le Progrès.
Според информациите, станува збор за авганистански државјанин роден 1994 година, познат на разузнавачките служби по радикален исламизам и со чие апсење очигледно избегнало нова трагедија.
Пјер Оливер, градоначалник на 2. арондисман во Лион, преку Twitter ѝ се заблагодари на полицијата за интервенцијата што „помогна да се избегне нова трагедија“.
Во Франција, денеска се убиени три лица во терористички напад во Ница, од кои едното беше обезглавено, додека во друг инцидент, полицијата уби вооружен напаѓач кој им се закануваше на минувачите во Авињон. Исто така, во Саудиска Арабија беше избоден чуварот на францускиот конзулат.