Славниот рапер Шон Комбс - попознат како Паф Деди (Puff Daddy), а потоа и како Пи Диди (P.Diddy) - е обвинет за групно силување и сексуална трговија со 17-годишна тинејџерка, според новата тужба.
Против еден од најпознатите рапери и милионери за три недели беа поднесени четири тужби за сексуален напад, а тие следеа откако првата тужба беше решена со договор меѓу Диди и неговата поранешна партнерка, пејачката Каси.
Таа го обвини за сексуално и физичко малтретирање, но не е познато со колку пари се решени несогласувањата меѓу поранешните партнери.
Комбс преку неговиот ПР ги негираше следните две тужби кои следеа, а четвртата беше поднесена во Федералниот суд на Менхетен.
Според четвртата тужба, Комбс, неговиот пријател Харви Пјер и уште еден маж чиј идентитет не е објавен, дрогирале и силувале 17-годишна девојка во 2003 година.
Покрај тужбата, објавена е и фотографија од тинејџерка која му седи во скут. Раперот тогаш имал 34 години. Во тужбата се наведува дека 17-годишната девојка доживеала „огромна емоционална вознемиреност и срам поради она што го доживеала и дека тоа ја мачело и го нарушувало нејзиниот емотивен живот цели 20 години“, пишува Page Six.