Раскошниот живот на саудискиот принц: Потрошил милијарда долари на 3 работи

Овие денови странските медиуми се преполни со вести за еден од највлијателните луѓе во светот, саудискиот принц Мухамед бин Салман. Поради скандалот со смртта на новинарот Џамал Кашоги и вчерашната средба со неговиот син, принцот е тема број еден во медиумите. Што знае светот за него?

Човекот кој западните медиуми претходно го претставуваа како прогресивна сила на Саудиска Арабија неодамна се најде среде скандал со убиениот новинар Кашоги, најголемиот критичар на принцот.

Кој е Мухамед бин Салман? Пред 2015 година малкумина слушнале за него, вниманието го привлече со реформите што ги спроведе во Саудиска Арабија, овозможувајќи им на жените да возат и да посетуваат спортски настани. Во исто време, го одобри апсењето на активистките за правата на жените.

Принцот има 33 години и е син на кралот Салман од неговата трета сопруга. Со политика почнал да се бави во 2009 година, како асистент на неговиот татко. Во брак е со негова братучетка со која има два сина и две ќерки. Неговото богатство  е огромно, тој „тежи“ повеќе од 3 милијарди долари. Сопственик е на една од најскапите куќи во светот, а за палата близу Версај платил 300 милиони долари во 2015 година. Има и јахта од 650 милиони долари.

„Што се однесува за моите приватни трошоци, јас сум богат човек, не сум сиромав. Не сум ниту Ганти, ниту Мандела“, изјави тој во една прилика.

Неговиот татко „тежи“ 17 милијарди долари. Интересно е што принцот уште како тинејџер агресивно го користел својот статус за дополнително да се збогати, иако е син на најмоќниот човек во Саудиска Арабија. Неговиот шарм особено се истакна на американската турнеја кога се сретна со низа славни личности како Опра, Бил Гејтс, Тим Кук, Елон Маск, Морган Фримен, Џејмс Камерон, Ричард Бренсон, Двејн Џонсон и други. По приказната за убиството, многумина му го завртеа грбот.

Но, народот во Саудиска Арабија не му го заврте грбот, луѓето го бранат. Дури и постои теорија на заговор дека сето тоа е обид од New York Times да го дискредитираат, со оглед дека весникот е во сопственост на катарски моќници.

Од една страна имаме борец против корупција и човек кој има јахта вредна 620 милиони долари и слика од Леонардо Да Винчи вредна 450 милиони долари, како и палата во Франција, три работи за кои платил повеќе од милијарда долари.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе