Распеани мајмуни прогласени за животни на годината
Посетителите на виенската зоолошка градина Шенбрун секој ден можат да уживаат во дуетот на мајмуните Рао, Сипура и нивното младенче Саја, родено во август 2017 година. Станува збор за загрозен вид мајмуни гибони кои во светот на животните се наречени шумски пејачи.
Сега се прогласени за „ЗОО животни за 2019 година“ од страна на Зоолошкото друштво за заштита на видови и популација (ZGAP).