Раст на светските берзи, можеби и ќе се избегне рецесија

На светските берзи минатата недела цените на акциите значително пораснаа бидејќи макроекономските податоци ги поттикнаа надежите дека економиите на САД и еврозоната би можеле да избегнат рецесија, и покрај високата инфлација и зголемените каматни стапки.

На Волстрит, Dow Jones порасна за 1,8 отсто, на 33.978 поени, додека S&P 500 скокна за 2,5 отсто, на 4.070 поени, а индексот Nasdaq порасна за 4,3 отсто, на 11.621 поени.

Растот на индексот главно се должи на надежта на инвеститорите дека американската економија „меко ќе слета“ и на тој начин ќе избегне рецесија.

БДП порасна над очекувањата на аналитичарите

Во последниот квартал од минатата година, бруто домашниот производ (БДП) порасна за 2,9 отсто на годишна основа, нешто над очекувањата на аналитичарите, и покрај минатогодишното агресивно зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка.

Во исто време, инфлациските притисоци се намалија, додека пазарот на труд е сè уште солиден, иако побарувачката е донекаде ослабена.

Сето ова, вели Дејвид Картер, директор во JPMorgan Private Bank, е меч со две острици бидејќи ФЕД би можел да ги задржи клучните каматни стапки на рестриктивни нивоа долго време.

„Новите економски извештаи имаат по нешто за секого: сонувачите кои мислат дека економијата е доволно забавена за ФЕД да паузира, но и песимистите кои мислат дека растот е сè уште премногу силен за ФЕД да се повлече. Надежта не е инвестициска стратегија, а економските факти наскоро би можеле да го притиснат пазарот“, вели Картер.

Инвеститорите се надеваат дека американската централна банка на состанокот во февруари ќе ги зголеми каматните стапки само за 0,25 процентни поени, а не за 0,50 поени како на последниот состанок минатата година.

Покрај тоа, тие се надеваат дека конечната каматна стапка, со која ФЕД ќе го запре циклусот на покачување, би можела да биде помала од 5 проценти, иако повеќето лидери на ФЕД рекоа дека ќе треба да ги зголемат стапките над нивото од 5 проценти за да ја ограничат инфлацијата.

Речиси 68% од компаниите оствариле поголема добивка од очекуваното

Инвеститорите се фокусирани и на деловните резултати на компаниите, кои се под притисок поради високата инфлација и забавувањето на економскиот раст.

Извештаи имаат објавено повеќе од 145 компании од индексот S&P 500, од ​​кои речиси 68 отсто оствариле поголема добивка од очекуваното.

Сепак, аналитичарите анкетирани од Reuters проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 паднала за 2,9 отсто во четвртиот квартал од минатата година во однос на истиот период претходната година, додека пад на заработката од 1,6 отсто се очекувал на почетокот на годината.

Ако заработката навистина падне, тоа ќе биде нивен прв пад од 2020 година.

На европскиот пазар се надеваат дека ќе избегнат рецесија

И на повеќето европски берзи цените на акциите пораснаа минатата недела. Сепак, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,05 отсто, на 7.765 поени, но франкфуртски DAX порасна за 0,8 отсто, на 15.150 поени, а париски CAC за 1,5 отсто, на 7.097 поени.

Пазарите се во оптимистичко расположение бидејќи макроекономските податоци објавени минатата недела ги зголемија надежите дека економијата на еврозоната би можела да избегне рецесија, и покрај енергетската криза и иако Европската централна банка ги зголемува каматните стапки за да ја спречи инфлацијата.

Тагови
реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе