Расте бројот на активни случаи, според СЗО омикрон нема да биде последниот сој на вирусот

Бројот на активни случаи на ковид во земјава изнесува 8.209, што е раст од над 1.300 случаи за само едно деноноќие. Во последните 24 часа направени се 7.472 тестирања, при што регистрирани се 1.725 нови случаи на COVID-19, починале 2 лица, а оздравени се 332 пациенти.

Како што информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новорегистрираните случаи најмногу има во Скопје 1.028, следат Битола - 148, Прилеп - 112 и Охрид - 61. Во текот на претходното деноноќие регистрирани се две починати лица: по едно од Скопје (66г) и Неготино (76г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 тестирања на COVID-19, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, а на починати е 8.002.

Според надлежните, вакцинацијата против COVID-19 останува единствен излез од пандемијата.

Од Здравствениот дом во Врање соопштија дека заклучно со 5 јануари, годинава, се дадени точно 116.548 дози од сите вакцини против коронавирусот. Од нив, на граѓаните на Северна Македонија 26.689 дози. Од сите четири типа достапни вакцини, убедливо најчесто давана е вакцината на кинески Синофарм – 72.098 дози, следи Фајзер со 35.275 дози, руски Спутник-В 8.243 и Астра Зенека во 932 случаи.

Коронавирусот забрзано се шири и во регионот и низ светот. Во Србија, бројот на нови случаи на дневна основа е над 9.000, а ковид-амбулантите повторно се преполни. Епидемиолозите предупредуваат дека во наредните денови може да се очекуваат голем број нови случаи.

Во Хрватска се регистрирани 9.058 нови случаи на инфекција со коронавирус, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, а починале 33 лица. Во последните 24 часа биле тестирани 19.975 лица, а речиси половина биле позитивни на коронавирусот.

Белгија оваа недела го надмина врвот на инфекции постигнат во ноември 2020, овој пат поради сојот омикрон. Премиерот на Белгија, Александер Де Кро, вчера се обрати пред јавноста по последниот координативен состанок за мерките за борба против COVID-19 и повика на солидарност со почитување на превентивните мерки и примена на трета доза вакцина.

Италија, пак, воведе задолжителна вакцинација против коронавирус за лица постари од 50 години во обид да го намали притисокот врз нејзиниот здравствен систем и да ги намали смртните случаи. Мерката стапува во сила веднаш и ќе важи најмалку до 15 јуни.

Во болниците во Обединетото Кралство, бројот на пациенти со коронавирус е најголем од февруари лани, покажуваат најновите податоци, во услови на зголемен притисок врз здравствените услуги. Вкупно 17.276 луѓе се во британските болници поради COVID-19, што претставува зголемување од 58% од недела во недела и највисоко од 19 февруари.

Воедно, британската влада соопшти дека правилата за тестирање на ковид ќе бидат ублажени за луѓето кои патуваат во Англија. Така, целосно вакцинираните патници кои од денеска, пристигнуваат во Англија повеќе нема да мора да прават тест за ковид пред да патуваат, а од недела, наместо да прават ПЦР тест на вториот ден од пристигнувањето, ќе можат да направат брз тест, кој е поевтин. Оваа одлука ја потврди и британскиот премиер Борис Џонсон, по апелот на туристичките агенции и нивните тврдења дека мерките повеќе не се ефективни поради забрзаното ширење на сојот Омикрон.

Германија регистрира 64.340 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, објави Институтот за заразни болести „Роберт Кох“. Вкупниот број потврдени случаи на инфекција со вирусот во Германија достигна 7.361.660, а на починати од ковид достигна 113.368 лица.

Лидерите на Светската здравствена организација (СЗО) изјавија дека високо заразниот сој омикрон на коронавирусот создава помалку опасен тек на COVID-19 од глобално доминантниот делта сој, но не треба да се карактеризира како „благ“, бидејќи негативните рекорди паѓаат низ целиот свет, здравствените системи се поплавени и владите се обидуваат да го „скротат“ вирусот, што досега уби повеќе од 5,8 милиони луѓе.

Техничкиот директор на СЗО, Мариа Ван Керкхове предупреди дека омикрон нема да биде последната варијанта на COVID-19.

– За жал, омикрон нема да биде последната варијанта, вирусот продолжува да се развива, нагласи Ван Керкхове.

Во својот неделен извештај, СЗО соопшти дека бројот на случаи во неделата до 2 јануари скокнал за 71% во споредба со претходната недела, на 9,5 милиони, додека стапката на смртност паднала за 10% на 41.000.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе