Расте бројот на нови случаи и на починати од COVID-19

Скопје, 10 февруари 2021 (МИА) – Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 1 до 7 февруари, тестирани се вкупно 14.398 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.120 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 4,1 отсто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.011; 47,7 отсто), со неделна инциденца – 163,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 415,7/100.000 е регистрирана во Демир Капија.

Процентот на позитивност се движи од 10,3 до 17,7 отсто, просечно 14,2 отсто, идентично како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=568, 26,8 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=422; 19,9 отсто), од 50 до 59 години (n=381; 18 отсто), од 40 до 49 години (n=358; 16,9 отсто) и од 20 до 29 години (n=257; 12,1 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=40; 1,9 отсто) и 10 до 19 години (n=94; 4,4 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.322 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 11,6 отсто повеќе во споредба со минатата недела.

Пријавени се 66 смртни случаи од 21 град, со зголемување од 3,1 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 58 лицa биле над 60 години, пет лица на возраст од 50 до 59 години и по едно лице на возраст од 40 до 49 години, од 30 до 39 години и 20 до 29 години.

Во текот на минатата недела (01-07.02.2021), до ИЈЗ се пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на британскиот сој на SARS-CoV-2 од три лаборатории (ИЈЗ, Клиника „Жан Митрев“ и МАНУ). Од секвенционираните, 56 се позитивни за присуство на новиот сој на SARS-CoV-2. Од овие резултати е забележано дека британскиот сој на SARS-CoV-2 е присутен во осум градови, а најголем број случаи се откриени во Охрид (n=25), Прилеп (n=10) и Кавадарци (n=4).

Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број на нови варијанти, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на континуиран внес на нови случаи на COVID-19 од странство.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со COVID-19 за периодот од 1 до 7 февруари 2021 година, како и кумулативната состојба со COVID-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје, стои во соопштението.

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 591 пациент со COVID-19

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 40 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 50 пациенти, во Прилеп 20, во ковид – центарот во Гостивар 13, а во Струга 21 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани пет, во Кичево осум, Кавадарци 35, во Гевгелија седум лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 591 и има околу 490 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 24 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 257 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми на пациенти и шест на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 11 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 70 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти, на ГАК три пациентки.

Вкупно 257 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 88 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе