Расте бројот на разводи и на просечната возраст за склучување прв брак

Скопје, 9  јули 2020 (МИА) – За 25 години природниот прираст во земјава се намалил од 15.736, на минус 601 лице, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 1994 година се родиле 15.736 лица повеќе од колку што умреле, а лани пак се родило 601 лице помалку отколку што умреле.

Податоците од публикацијата на ДЗС за Природно движење на населението во 2019 година, објавена пред една недела, покажуваат постојан пад на природниот прираст во последните 25 години. Ако во 1994 година тој бил 15.772 лица, за пет години до 1998 година паднал на 10.011 лица, односно се намалил за околу 5.000. Од податоците се гледа дека во наредните години природниот прираст постепено се намалува за лани да биде негативен и да има повеќе умрени лица од родени.

Во овој период бројот на живородени се намалува од 31.421 лице во 1994 година, на 19.845 лани, што е намалување за околу 11.000 родени. Во исто време, пак бројот на умрени се зголемил за околу 5.000 лица, така што во 1994 имало 15.649 умрени, а минатата година 20.446.

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 11.772 деца или 59,3 отсто од вкупниот број живородените деца наспроти 8.073 живородени деца или 40,7 проценти во селските подрачја.

Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 38,1 отсто, а најмало Источниот регион со 6,3 проценти. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29,8 години наспроти 28,2 години во селските подрачја.

Намалувањето на стапката на наталитет, според податоците на ДЗС објавени во „25 години независна Македонија“, меѓудругото, се должи и на таканаречениот темпо-ефект или одложување на раѓањата и склучување на брак на повозрасни години.

Во периодот 1994- 2015 се бележи опаѓање на бројот на склучените бракови за 10 отсто, но во исто време имаме и зголемување на бројот на разводи, од 39 на 155 разведени бракови на 1.000 склучени.

Просечната возраст при склучување прв брак на невестата е зголемена од 22,9 години во 1994 на 26,2 години во 2015 година, додека просечната возраст на младоженецот бележи зголемување од 26,0 на 29,0 години.

Од бројот на живородени, минатата година, најголем дел биле родени од мајки на возраст од 20 до 29 години – 10.332, и од мајки на возраст од 30 до 39 – 8.119 деца.

Според ДЗС, со промените во општественоекономското живеење во Република Македонија, во периодот 1994-2015 година се забележуваат и промени во просечната возраст на мајката при првите раѓања која се зголемува за 3,5 години, т.е. од 23,5 години во 1994 година, на 27,0 години во 2015 година. Во 2015 година, според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34,5 отсто, се живородени деца од мајки на возраст 25-29 години.

Ваквите показатели на раѓање и умирање укажуваат на трендот на стареење на населението кој е присутен во светски рамки, а се забележува и земјава.

Во периодот од 1994 до 2015 година, учеството на населението на возраст од 0 до 14 години е намалено од 20,2 отсто на 16,7 отсто, а учеството на населението на возраст од 65 и повеќе години е зголемено од 11,7 отсто на 12,8 отсто.

Во 1994 година стари над 65 години имало околу 160.000, а во 2015 околу 260.000. Бројот на млади до 14 години, пак, е во постојан пад. Во 1994 година бројот на млади е близу 500.000, а во 2015 околу 350.000, покажуваат податоците од илустрацијата на Државниот завод за статистика, објавена во публикацијата „25 години независна Македонија“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе