Разрешен директорот на Театар Комедија по вонреден инспекциски надзор

Поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура, Сашо Ристовски денеска беше разрешен од функцијата директор на НУ Театар Комедија.

При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734 486 денари во изминатите три години, без притоа истите да ги обезбеди од други извори, соопштуваат од Министерството.

Со ваквото работење, Ристовски направил повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура.

До изборот на нов директор, заради непречено фунционирање на оваа установа, за в.д. директор е назначена Нора Шаќири Марковиќ, вработена во маркетинг службата во театарот. Од Министерството велат дека наскоро ќе биде распишан конкурс за избор на постојан вршител на должноста директорна НУ Театар Комедија.

Ристовски е роден на 21.02.1980 година во Скопје. Дипломирал на Нов бугарски универзитет – Софија, Република Бугарија.  Во периодот 2013-2017 година е член на ансамблот на Охридскиот театар – НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. Од  4 август 2017 година е член на ансамблот на НУ Театар Комедија Скопје, а на 17 ноември 2017 од страна на Министерството за култура на Република Македонија е назначен за в. д. директор на НУ Театар Комедија. Бил и советник во Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми во Владата на Република Македонија.

Веб-страницата на Театар Комедија е недостапна, а во описот на дејноста на театарот на неговата официјална Facebook страница стои дека директор е актерката Јелена Жугиќ, која беше разрешена од директорската функција во јули, 2017 година со решение од тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски.

реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе