Реџепи верува дека Алтернатива ќе донесе одлука да биде дел од Владата

Пратеникот и член на претседателството на Алтернатива, Скендер Реџепи, верува дека партијата ќе донесе одлука да биде дел од Владата затоа што, како што вели, интеграцијата на земјата во ЕУ е приоритет пред уривањето на власта.

– Начелно верувам дека Алтернатива ќе биде дел од Владата. Разликите во партијата се истопија и очекувам органите на партијата да донесат одлука за влез во Владата, но сепак ќе почекаме до конечната одлука. Интеграцијата на земјава во ЕУ е приоритет пред уривањето на Владата. Верувам дека предност ќе дадеме на евроинтеграциските процеси, како и на остварувањето на програмата на Алтернатива која им ја вети на граѓаните и на нашите избирачи, истакнува Реџепи во изјава за Слободен печат.

Вели дека досега немало понуда за министерски места за Алтернатива и очекува сликата да биде појасна по средбата на двајцата лидери Зоран Заев и Африм Гаши, која според најавите, ќе се одржи утре.

Во однос на изјавата на генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари дека во случај Алтернатива да влезе во Владата, доколку опозицијата создаде парламентарно мнозинство, тогаш Алтернатива пак ќе гласа за уривање на Владата, Реџепи со став дека ако Алтернатива одлучи да остане во Владата, тогаш тоа ќе биде до крајот на мандатот на Владата.

– Таравари сигурно мисли на Беса, а зборува за Алтернатива. Ние сме Алтернатива, не сме Беса. Ако Алтернатива одлучи да биде дел од власта тој договор ќе важи до крајот на мандатот на Владата, нагласува Реџепи.

реклама

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе