Регистар на вистински сопственици од февруари следната година

Скопје, 20 декември 2019 (МИА) –  Централниот регистар најави дека на почетокот на февруари  следната година ќе го стави во функција регистарот на вистински сопственици којшто ќе покажува каде некој има сопственост, удел и колкав е тој удел, како обврска од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Секој потенцијален субјект законски е обврзан да пополни соодветен формулар во кој ќе наведе каде и во колку компании има сопственост, кои се тие, каде има удел, колкава е висината на уделот, каде има акции и каде е евентуално претседател на управен одбор.

Секој удел на физичкото лице во кој било правен субјект, без оглед дали е 2, 5, 50 или 100 проценти треба да биде внесен во регистарот.

Демо верзијата на регистарот се очекува да биде готова до средината на следниот месец, а веќе од официјалниот старт на почетокот на февруари почнува законскиот рок од три месеци субјектите да ги пополнат потребните податоци.

– За субјектите кои веќе постојат ќе треба сметководителот да го изврши ажурирањето односно  да се полни регистарот на вистински сопственици. Рокот на полнење е три месеци. По тие три месеци тој што нема да ја  пополни потврдата за вистински сопственик ќе биде казнуван со закон,  информираа на средба со новинари од Централниот регистар.

За иницијална регистрација кога се регистрира нов правен субјект ќе треба во рок од осум дена да пополни пријава за вистински сопственик за да може да се ажурира во регистарот на вистински сопственици.

Регистарот  на вистински сопственици требаше да воспоставен до 1 ноември годинава, но поради административни процедури задоцнило потпишувањето на договорот и примената на регистарот што е донација од германски ГИС.

Сопственичката структура во регистарот ќе биде исто така јавно достапна како и останатите податоци од Централниот регистар.

Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, со кој се предвидува воведувањето на регистарот е усогласен со ЕУ-директивите.

Според најавите, до крајот на првиот квартал следната година Централниот регистар ќе пушти нов портал, со кој ќе биде применет проектот на отворено владино партнерство и преку него ќе бидат отворени за јавноста поголем број податоци.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе