Рејчел Вајс игра докторки близначки во психолошката трилер драма Dead Ringers

Објавен е првиот трилер за новата серија Dead Ringers со Рејчел Вајс  - модерна верзија на истоимениот култен филмски класик филм на Дејвид Кроненберг од 80-тите со Џереми Ајронс во главните улоги.

Во новата, „женска“ верзија Вајс ги игра двете главни улоги на Елиот и Беверли Ментл.

Двете близначки и докторки гинеколози делат сè: дрога, љубовници и желбата да се направи сè што е потребно - вклучително и поместување на границите на медицинската етика - во обид да ги предизвикаат застарените практики и да ја доведат грижата за здравјето на жените во прв план.

Вајс е и извршна продуцентка на лимитираната серија, за која креаторка, сценаристка и извршна продуцентка е писателката и драматург Алис Бирч (Normal People, Succession).

Актерската екипа на серијата вклучува Бритн Олдфорд како Женевјев, Попи Лиу како Грета, Мајкл Чернус како Том, Џенифер Еле како Ребека и Емили Мид како Сузан.

Шон Дуркин ги режираше првите две епизоди и е ко-режисер на последната епизода од серијата. Дуркин служи и како извршен продуцент. Во режисерскиот тим се и Карин Кусама, Карена Еванс и Лорен Волкстин.

Dead Ringers е копродукција на Amazon Studios и Annapurna Television.

Сите шест епизоди од Dead Ringers премиерно ќе бидат прикажани на 21 април исклучиво на Prime Video во повеќе од 240 земји и територии ширум светот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе