Рекорди на Волстрит, вредноста на Nvidia се зголеми за 277 милијарди долари

Вчера на Волстрит, Dow Jones и S&P 500 достигнаа највисоки нивоа на сите времиња, бидејќи технолошките акции се зголемија по подобрите од очекуваните деловни резултати од Nvidia.

Dow Jones зајакна 1,18 отсто, на 39.069 поени, додека S&P 500 скокна за 2,11 отсто, на 5.087 поени, а индексот Nasdaq за 2,96 отсто, на 16.041 поени.

Новите рекордни нивоа на индексите Dow Jones и S&P 500 се благодарение на силниот раст на цените на акциите во речиси сите сектори, а највисокиот во технологијата, во просек од 4,4 отсто.

Еуфоријата на пазарот дојде откако Nvidia објави подобри од очекуваните приходи и заработка во последниот квартал од минатата година и процени дека нејзиниот приход силно ќе се зголеми во тековниот квартал.

Вредноста на Nvidia се зголеми за 277 милијарди долари

Благодарение на тоа, цената на акцијата на Nvidia скокна за повеќе од 16 отсто, па пазарната вредност на компанијата се зголеми за 277 милијарди долари. Ова е најголемиот дневен скок на пазарната вредност на една компанија во историјата на Волстрит.

Резултатите на Nvidia, кои покажуваат дека побарувачката за чипови со вештачка интелигенција е исклучително силна, доведоа и до пораст на цените на акциите на голем број други производители на чипови. Така, индексот на секторот производители на чипови скокна за 5 отсто и достигна рекордни нивоа.

Доброто расположение на пазарот поттикна раст на цените на акциите и во повеќето други сектори. Од 11 најважни сектори на индексот S&P 500, цените паднаа само во комуналниот сектор.

Благодарение на ова, S&P 500 и Nasdaq индексот го забележаа својот најголем дневен скок во една година.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,29 отсто, на 7.684 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 1,47 отсто, на 17.370 поени, а париски CAC зајакна 1,27 отсто, на 7.911 поени.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе