Рецепт за вкусен начин за подготовка на риба со зеленчук.
Потребни состојки:
600 грама риба (ослич)
4 поголеми домати
4 главици кромид
4 лажици маслиново масло
Свеж магдонос и сол
Подготовка:
Доматите и кромидот ги сечеме на кругови. Во тавка за печење ги редиме доматите и круговите кромид, а потоа одозгора ја редиме рибата, претходно исчистена од кожата и коските.
Попрскуваме со масло и зачинуваме, печеме во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
Пред самото послужување поросуваме со свеж сецкан магдонос.