Роби Вилијамс значително ослабе, но се мачи со исхраната

Познатиот пејач Роби Вилијамс со години важи за една од најпопуларните светски ѕвезди, а освен што има магичен глас, го сметаат и за вистински секс-магнет за многу жени.

Сепак, често добиваше коментари дека треба повеќе да се грижи за својот физички изглед, поради што пејачот се фокусираше на слабеење.

Фотографиите кои изминатиов период можеа да се видат на социјалните мрежи јасно покажаа дека тој конечно успеа да се ослободи од вишокот килограми и линијата да ја доведе до совршенство.

Роби успеа да изгуби значителен број килограми пред премиерата на неговиот последен албум. Исто така, тој спомна дека дебелината во неговиот случај е предизвикана од тоа што не може умерено да ја јаде храната што ја сака, вклучително и слатките.

„Изгубив тежина, но тоа е постојана борба. Во мене има џиновска личност. Целото мое битие и целото мое тело сакаат да одам во спротивна насока и да бидам морбидно дебел. Во моментов само јадам помалку. Тоа е постојана грижа и не е природен начин на живеење. Зашто за мене е нормално да бидам двојно поголем“, изјави тој за Mirror.

Роби открил дека работата бара од него да влезе во штос, па почнал да вежба секојдневно, што заедно со прилагодувањето на исхраната довело до одлични резултати. Истакна и дека за него нема средина, или е покрупен или послаб.

„Се мразев себеси и мислев дека не можам да пеам и изгледав како гомно. Ако некој мислеше дека се шетам наоколу мислејќи дека сум важен, всушност беше сосема поинаку“, рече тој.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Музика

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Read more

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе