Романо: Челси го заврши најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата

Моисес Каиседо (21) наскоро ќе стане нов играч на Челси, објави Фабрицио Романо со својот популарен хаштаг „Here We Go“.

Најпознатиот светски стручњак за трансфери наведува дека трансферот на Каиседо од Брајтон во Челси е најголемиот во историјата на Премиер лигата. Рекордот претходно го држеше Енцо Фернандес, аргентинскиот играч за врска кого Челси летово ѝ плати 121 милион евра на Бенфика.

Челси за одличниот играч за врска ќе плати 133 милиони евра обештетување, а процент од отштетата од следниот трансфер ќе добие и Брајтон. Каиседо ќе потпише договор со Челси до 2031 година со опција за продолжување до 2032 година, односно на осум или потенцијално девет години.

Токму Романо, но и сите доверливи англиски медиуми, пред три дена објавија дека Ливерпул го комплетирал трансферот на Каиседо за рекордно обештетување од 127 милиони евра. Романо објави дека Каиседо ја прифатил понудата на Ливерпул, а за него дури проговори и Јирген Клоп, кој потврди дека трансферот е готов.

Сепак, дојде до неверојатен пресврт, пишува Романо. Каиседо им порача на челниците на Ливерпул дека сака да замине во Челси, иако со Ливерпул трансферот беше на дофат на реализација. Каиседо одби да отпатува во Ливерпул бидејќи знаеше дека Челси ќе ја исполни понудата на „црвените“ и ќе го комплетира трансферот.

„Една од најневеројатните трансфер саги досега“, напиша Романо на крајот од својата објава. Каиседо минатата сезона се истакна со одличните игри во сензационалниот Брајтон на Роберто Де Зерби, кој заврши на шестото место во Премиер лигата.

Каиседо моментално според Transfermarkt вреди 75 милиони евра, а минатата сезона одигра 43 натпревари за Брајтон и забележа гол и асистенција. За Еквадор има 32 настапи и три гола.

Тагови
реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе