Роналдо е десеттиот најефикасен „клуб“ во Лигата на шампионите

Неверојатен податок поврзан за најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, зборува дека ако фантастичниот Португалец е клуб, тогаш тој ќе се најде на листата од топ 10 најефикасни екипи во историјата на Лигата на шампионите.

Кристијано потврди дека е во топ форма и на натпреварот во Лигата на шампионите против Јувентус, кога со два гола придонесе за убедливата победа на Реал во Торино (3:0), во првиот натпревар од четвртфиналната рунда.

Тој на овој начин се зацврсти на првата позиција на вечната листа на најдобри стрелци на ова натпреварување со вкупно 119 погодоци, 19 повеќе од второпласираниот Лионел Меси, асот на Барселона.

На натпреварот во Торино, Роналдо, стана и првиот играч во Лигата на шампионите кој постигнал гол во десет натпревари во низа во ова натпреварување.

Тој на 19 четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите во кариерата постигна дури 22 погодоци, што е повеќе од она што целата екипа на Јувентус го направила во таа фаза од ова натпреварување во историјата.

А потоа доаѓа и шлагот на тортата.

Ако Кристијано Роналдо беше клуб ќе се најдеше во топ 10 тимови со најмногу погодоци во Лигата на шампионите.

Неверојатен, но вистинит податок, кој зборува за доминацијата на Португалецот во европскиот и воопшто светскиот фудбал.

Во историјата на ова натпреварување најмногу погодоци постигна токму неговиот Реал Мадрид – 248, потоа Барселона 234, па Баерн 230, потоа следуваат Манчестер Јунајтед со 214 погодоци, Порто со 178, Арсенал 177, Милан 165, Челзи 156, а десетти на оваа листа е Роналдо со 119 погодоци.

Нема потреба да се трошат зборови за Кристијано Роналдо, кој уште еднаш докажа дека со право го заслужува епитетот гол машина.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе