Роналдо за забавите во Реал: Беше неверојатно

Бразилскиот голгетер стана познат по ноќниот живот кој го водеше во Мадрид, а сега прозборе за популарните забави поради кои често беше мета на медиумите.

Роналдо во Реал Мадрид настапуваше 5 сезони, од 2002/03 до 2006/07. За тоа време бурниот ноќен живот му правеше проблеми бидејќи во медиумите излегуваа најразно-разно верзии за тоа што се случувало на неговите забави, а најчесто работите беа крајно претерани.

„Постои легенда за тоа како беше. Секогаш се велеше дека премногу сум се забавувал, но не беше така. Секогаш се однесував одговорно, секогаш гледав да не си ја нарушам физичката подготвеност“, вели „стариот“ Роналдо во интервју за Movistar+ кое го водеше прославениот поранешен шпански фудбалер Хорхе Валдано.

„После секоја победа, јас сакав да прославам, а ние секогаш победувавме и тоа беше проблем! Но, медиумите премногу ги преувеличуваа работите во однос на тоа што се случуваше“.

„Беше неверојатно. Реал Мадрид и Мадрид е најдобрата комбинација на град и тим која некој може да ја најде во животот“, вели бразилскиот ас на кого и друштвото тоагп му се погоди бидејчи таму беше и Дејвид Бекам со Викторија.

Роналдо денес е претседател на Ваљадолид. Кариерата за заврши во 2011 година во дресот на Коринчјанс, а настапуваше и за Крузејру, ПСВ, Барселона, интер и Милан.

Во Реал го мина најдоброто време, на теренот (а, ете, и на забавите) постигнувајќи 104 голови на 177 натпревари.

Remote video URL
Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе