Русија го обвини Макрон за дволична дипломатија

Русија денеска го прекори Емануел Макрон затоа што рече дека сака да ја види Русија поразена, велејќи дека Москва сè уште се сеќава на судбината на Наполеон Бонапарта и го обвини францускиот претседател за дволична дипломатија кон Кремљ, со чие раководство постојано се обидуваше да се сретне.

Макрон за весникот Le Journal du Dimanche изјави дека Франција сака да ја победи Русија во Украина, но дека не сака да ја види целосно поразена и здробена.

– Во врска со (тоа) „никогаш“: Франција не започна со Макрон, а посмртните останки на Наполеон, почитувани на државно ниво, почиваат во центарот на Париз. Франција и Русија би требало да го разберат (тоа), рече портпаролката на Руското Министерство за надворешни работи на Марија Захарова.

– Воглавно, Макрон е смешен, рече таа, додавајќи дека неговите изјави покажуваат дека Западот разговарал за промена на режимот во Русија, додека самиот Макрон во неколку наврати барал средби со руското раководство.

Макрон наиде на критики од некои сојузници во НАТО за двосмислените пораки во врска со неговата политика кон војната меѓу Украина и Русија, а некои го гледаат Париз како слабата алка во Северноатлантската алијанса.

Во петокот Макрон ги повика сојузниците да ја засилат воената поддршка за Украина, но исто така рече дека не верува во промена на рускиот режим, но дека во одреден момент ќе мора да има преговори.

– Да бидеме на чисто, јас воопшто не верувам во промена на режимот и кога ќе слушнам дека многу луѓе бараат промена на режимот, ги прашувам: „Каква промена? Кој е следниот? Кој е вашиот лидер?“, рече Макрон.

Тој за весникот објасни дека не верува оти од граѓанското општество во Русија ќе произлезе демократско решение по толку години зацврстување на позицијата на Москва и конфликти. Тој додаде дека не гледа алтернатива за Путин, кој треба да биде доведен на преговарачка маса.

– Сите други опции кои не се Владимир Путин во моментов ми изгледаат полоши, рече Макрон.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе