Русија го запре гасот преку Северен тек 1 на три дена

Русија денес ја запре испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1. Европа е информирана дека Газпром ќе го затвори гасоводот Северен тек 1 кон Германија од 31 август до 3 септември.

– Единствената исправна пумпна единица Трент 60 ќе биде запрена три дена поради одржување и превентивно одржување, се вели во соопштението на руската нафтена компанија.

Низа рутински процедури, во согласност со актуелниот договор за одржување, ќе извршат експерти на компанијата заедно со колегите од „Сименс“, прецизира Газпром.

Податоците од веб-страницата на операторот Северен тек 1 покажуваат дека протокот бил на нула во периодот од 04:00 до 05:00 часот рано утринава.

Европските влади стравуваат дека Москва би можела да го продолжи овој прекин со цел да врати за санкциите што беа воведени против Русија по инвазијата врз Украина. Тие го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин дека ги користи енергетските резерви како „воено оружје“, додека Москва ги негира таквите тврдења.

Рускиот прекин и намалувањето на снабдувањето ги зголемија цените на гасот и ги принудија европските влади да се борат за алтернативни испораки пред зимата.

Понатамошните ограничувања во снабдувањето со гас во Европа би ја влошиле енергетската криза која веќе доведе до пораст на големопродажните цени на гасот за повеќе од 400 отсто од август минатата година, зголемувајќи ги трошоците за живот за потрошувачите и бизнисите и принудувајќи ги владите да трошат милијарди за да ги олеснат овие оптоварувања. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе