Русија изврши масовен напад со дронови, родниот град на Зеленски остана без струја

Макфакс
/ 02.02.2024 / 09:05

За време на синоќешниот руски напад врз Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше погодена трафостаница. Станбени и индустриски потрошувачи останаа без струја, а повеќе од 100 работници останаа заробени под земја поради прекин на струја во два рудника.

„Русија изврши нов голем напад со беспилотни летала на области во јужна и централна Украина ноќта меѓу 1 и 2 февруари. За жал, една од трафостаниците на Укренерго беше оштетена. Станбените и индустриските потрошувачи во градот Криви Рих останаа без електрична енергија“, соопштија од Укренерго, националната енергетска компанија на Украина.

Оттаму додаваат дека нивните работници ја проверуваат опремата со вработените во Државната служба за итни случаи. Најавија дека веднаш потоа ќе почне да се работи на итната рехабилитација. Шефот на Воената управа на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак, објави дека два рудника останале без струја поради ударот на дронот Шахед.

Според првичните информации, повеќе од 100 работници биле заробени под земја, но Лисак рече дека до 7:30 часот по локално време, некои од нив биле извлечени на површината. Лисак извести дека повеќе од 40.000 граѓани во моментов се без струја.

Украинските воздухопловни сили тврдат дека успеале да соборат три беспилотни летала Шахед над областа. Инаку, Русите доцна синоќа лансираа серија нападни беспилотни летала од јужна Украина. Експлозии се слушнаа во градовите Кропивнички и Криви Рих.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе