Над 50.000 руски војници ќе учествуваат во голема воена вежба на истокот на Русија.
Вежбата вклучува распоредување на 5000 парчиња оружје и воена опрема, 140 авиони, 60 воени бродови, стои во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Маневрите, кои почнуваат во четврток и завршуваат наредната среда. Треба да се одржат на воени полигони во источен Сибир, на Далечниот исток на Русија и во Јапонско Море.
Војници распоредени во странство наводно веќе се стигнати на подрачјето за обука, вклучително оние од Белорусија, Кина и Индија.
Вежбата е насочена за осигурување на воената безбедност на Русија и нејзините сојузници, стои во соопштението.