Русија со нов дискриминаторски закон: Не смее ни да се зборува за ЛГБТИК луѓето

Руските пратеници ги поддржаа амандманите на постоечкиот закон со кој се забранува дискусија за односите и прашањата на ЛГБТИК јавно или на интернет помеѓу возрасни и деца.

Долниот дом на рускиот парламент во четвртокот во трето читање го усвои дискриминаторскиот закон со кој им забранува на Русите да промовираат „ЛГБТ пропаганда“.

Руските пратеници ги поддржаа амандманите на постоечкиот закон со кој се забранува дискусија за односите и прашањата на ЛГБТИК јавно или на интернет помеѓу возрасни и деца. Долниот дом на рускиот парламент во четвртокот во трето читање го усвои дискриминаторскиот закон со кој на Русите им се забранува да промовираат „ЛГБТ пропаганда“, пишува Deutsche Welle.

Потегот на руската Државна дума, долниот дом на Парламентот, го продолжува законот од 2013 година со кој на луѓето им се забранува да разговараат за хомосексуални односи.

Предлог-законот треба да биде разгледан од Горниот дом на рускиот парламент и да го потпише претседателот Владимир Путин пред да стане закон.

Руските пратеници се согласија дека сите физички лица може да бидат казнети со парична казна до 400.000 рубли (6.346 евра), а правните лица до 5 милиони рубљи (79.985 евра) доколку „промовираат или фалат“ ЛГБТ односи.

Според законот, странците може да бидат уапсени до 15 дена или депортирани.

Секој настан или чин за кој се смета дека е обид за промовирање на правата на ЛГБТИК луѓето, вклучително и филмови, книги или реклами, може да биде казнет, ​​според законот.

Александар Хинштајн, еден од архитектите на законот, минатиот месец рече дека „ЛГБТ денес е елемент на хибридна војна и во оваа хибридна војна ние мора да ги заштитиме нашите вредности, нашето општество и нашите деца“.

Додека руските пратеници го прикажуваа законот како судир на цивилизациски вредности и се обидоа да го поврзат со војната во Украина, дописникот на DW, Јуриј Решето, минатиот месец објасни дека законот не промени ништо суштински, туку ја влоши „веќе тешката ситуација“. "

Групите за човекови права и критичарите на законот, исто така, силно го критикуваа нацрт-законот, нарекувајќи го обид за понижување и дискриминација на малцинската заедница.

Членовите на руската ЛГБТИК заедница велат дека се навикнале на хомофобијата спонзорирана од државата, но стравуваат за својата безбедност според новите ограничувања.

Во врска со тоа, TikTok беше казнет со 3 милиони рубли минатиот месец за промовирање на „видеа со ЛГБТ тематика“.

Тагови
реклама

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Свет

100 дена Трамп

Read more

Шпанците по прекинот на струја: Преживеавме пандемија, поплави, вулканска ерупција, сега и ова

Read more

Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневен прекин на огнот

Read more

Може ли Украина да се бори без американска помош?

Read more
 

Вести

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

Читај повеќе

Ахмети: Албанците се соочуваат со опасна офанзива

Читај повеќе

Мојсоска: Ниту една оставка од морални причини, додека во Србија цела влада се распушти

Читај повеќе

100 дена Трамп

Читај повеќе

Adidas: Нашите патики ќе поскапат поради царините

Читај повеќе

Шпанците по прекинот на струја: Преживеавме пандемија, поплави, вулканска ерупција, сега и ова

Читај повеќе

Родителите на загинатите во Кочани на средба со Тошковски

Читај повеќе

Хрватска со нов закон за гробишта: Четничките споменици ќе бидат отстранети во рок од 30 дена

Читај повеќе

Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневен прекин на огнот

Читај повеќе