Русите револтирани по пожарот во Кемерово: Кажете колку жртви има точно

Стотици луѓе протестираат во сибирскиот град Кемерово, гневни на руските власти поради пожарот во трговски центар во кој загинаа најмалку 64 лица, од кои 41 дете.

Претседателот Владимир Путин отиде во Кемерово да ги посети преживеаните во болница и рече дека пожарот што се случи завчера е „криминална небрежност“.

Роднините на жртвите велат дека околу 85 луѓе уште се водат за исчезнати, од кои повеќето деца, пренесе новинската агенција „Интерфакс“.

Инспекторите велат дека противпожарниот аларм бил исклучен и дека излезите на трговскиот биле исклучени.

Околу 300 луѓе денеска се собраа пред седиштето на локалната власт и побараа откази на службеници одговорни за небрежноста.

Причината за пожарот уште не е позната, а Истражната комисија рече дека имало „сериозни прекршувања“ на противпожарните мерки во трговскиот центар „Зимнаја вишна“.

Путин го прогласи утрешниот ден за ден на жалост низ цела Русија.

На протетите, една жена рече дека децата им се јавувале на родителите и барале помош и да бидат викнати противпожарни екипи, на што присутните реагираа со аплаузи.

Кога службите побараа од толпата да се расчисти, незадоволните граѓани кои веќе седум часа протестираа, одговорија со исвиркување и барање одговорност од надлежните.

Регионалниот заменик-гувернер Сергеј Цивилев тогаш падна на колена и молеше за прошка, а толпата му аплаудираше.

На протестот граѓаните носеа транспаренти со натписи: „Колку жртви има точно?“, „Кој е навистина виновен?“ и „Колку чини да погледнете на другата страна?“

Засега се уапсени пет лица, меѓу кои и службеник за кој постои сомнение дека го деактивирал алармот.

Во објава на Facebook, локалниот политичар Антон Горелкин напиша дека „излезите за во случај на опасност биле затворени, поради што целиот комплекс бил претворен во стапица на смртта“ и „немало организирана евакуација“.

Тој исто така додаде дека апаратите за гаснење пожар со кои можело да се скроти пожарот не работеле.

Првичните сомнежи се дека некое од децата имало запалка со која ја запалило гумата во просторијата со трамполина и сѐ вивнало како сув барут.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе